Една сурова реалност, режирана од Baltasar Kormákur, која безмилосно ќе си поигра со Вашите емоции и ќе успее да ја убие секоја перцепција која ќе ја изградите во врска со завршетокот. Овој филм не може да се предвиди затоа што е според вистинска приказна, а животот дефинитивно не се предвидува.

Инспирацијата за да се документира оваа случка од 1996 произлегла од самиот предизвик да се пристигне до можеби највисокиот врв на светот. И секако да се преживее на самиот пат. Битката меѓу природните предизвици и цврстиот човечки дух. Но, Ве предупредуваме, Еверест ги држи сите конци во рака.

Погледнете колку лесно може да се игра со човечката психа и колку е тешко да се преживее во суровата природа. Ако сте авантурист во срцето, ова е дефинитивно филмот за Вас.

Издвојте 128 минути за ова адреналинско патување низ кое ќе Ве одведат главните улоги: Џејсон Кларк, Џош Бролин, Џон Хокс и Емили Вотсон.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНедела на модата во Милано – Gucci, Fendi, Max Mara, Prada…
Следна објаваТренд | Бои на кармини за есен ’15
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ