Со помош на 3D принтер Libero Rutilo овозможува повторна употреба на пластични шишиња. Изработува дел кој се става над пластичното шише, па така се добива модерна вазна која може да се вклопи во секоја современа дневна соба. Вазните се изработени во четири различни дизајни. Рециклирањето може да изгледа како вистинска уметност.

Неговото мото гласи дека нема да ја исчистиме планетата со рециклирање на едно шише, но ако имаме шанса да го преупотребиме и да го претвориме во дизајниран предмет, тоа ќе биде еден чекор понапред кон животен стил кој е настроен кон грижа за околината.

1 2 3 4 5 6

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР