Прекрасна вила за вистински боемски одмор која се наоѓа во близина на Будимпешта.

7

Вилата е изградена во 1881 година, а од пред неколку години и целосно реставрирана. Вкупната површина изнесува 500 m2, а може да прими 14 гости. Има шест спални соби, три работни соби, три дневни соби и зимска градина одвоена со стакло. Во вилата има делови од изворниот мебел, како и нов мебел дизајниран од дизајнерскиот тим Brody Group. Она што е интересно за оваа вила е тоа што освен класичен одмор и релаксација кои ги нуди, работните соби во вилата, како и градината, можете да ги користите и ако добиете инспирација за творење, без разлика дали е пишување, сликање, компонирање и сл. Токму поради тоа ја нарекуваат „боемска вила”. Во последно време, овој простор е многу популарен за мали свадби, забави или други слични настани.

1 2 3 4 5 6 8 9 10 11 12

СПОДЕЛИ
Претходна објава3D принтани вазни со инвентивен дизајн
Следна објаваПролетта се познава по расцветаните јапонски цреши
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР