Стресот е ситуација која не може да се избегне – без разлика на тоа која работа ја работите или каков живот живеете. Да се постигнат роковите на работа, на факултет или дома, да се завршат работите во последен миг, сообраќен метеж, состаноци и друго. Во денешно време доволна е и најмала работа да ве исфлри од такт и да добиете стрес. Во продолжение, дознајте неколку совети како самите да си помогнете во стресни ситуации……

pencil

ЗАПИШЕТЕ ШТО ВЕ МАЧИ

Хартијата и моливот се вашите најдобри пријатели. Така не само што на кратко ќе заборавите на некои работи, туку ќе ги прочистите мислите и ќе можете на раат да продолжите со работата, денот и обрските…

Anti-Stress

ПОРАБОТЕТЕ НА ВАШИОТ РАБОТЕН ПРОСТОР

Вашиот работен простор треба да биде едноставен и чист. Доколку работите во несредена просторија, се околу вас подсвесно ќе биде збунувачко за вашиот мозок. Се нека биде едноставно. Сем мобилниот телефон и компјутерот, добро е до вас да има цвеќе или чаша вода.

1

СМЕНЕТО ГО ВНИМАНИЕТО НА НЕШТО ДРУГО

Најдете се со вашата најзабавна пријателка и добро најсмејте се заедно! Ова ќе ви помогне да ги префлите мислите од работите кои ви предизвикуваат стрес. Или можеби на YouTube погледнете неколку забавни видеа.hrana-page2

ХРАНАТА КАКАО УТЕХА

Иако многумина ќе речат дека ова е најштетното нешто што можете да го сторите на своето тело – ние ќе го кажеме спротивно! Доколку сте под голем стрес на работа, зошто да не се почестите со некое слатко? Шеќерот ќе ви ја крене енергијата и ќе ви помогне во извршувањето на работните задачи тој ден. Секако во ништо, па така ни во ова не треба да се претера!

ОПУШТЕТЕ СЕ!

Вежбајте, наполнете  ја кадата и уживајте во топла купка или направете нешто што силно ќе ве развесели. Потсетете се самите себеси дека заслужувате нега и внимание. Понекогаш сите други обврски се поважни од вас – дури и вашето здравје, на него најмногу внимавајте!

df678ae504e608e6df362b49969f75ab

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд Сан Франциско до Лос Анџелес
Следна објаваСупер едноставни трендови кои морате веднаш да ги пробате!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ