Во последниве години многумина сè повеќе одбираат природна козметика во однос на онаа купена од продавниците и аптеките. Тоа е така бидејќи многу состојки кои се користат во козметичката индустрија се докажа дека прават повеќе штета на кожата отколку што прават добро. Затоа, наш совет е да се свртите кон природата и да се обидете со малку труд да си направите сами крем или пилинг соодветен на вашиот тип на кожа. Еве неколку предлози.

Baking soda on wooden spoon on white wooden textured background.

Сода бикарбона

Постојат многу практични примени на сода бикарбоната, а една од нив е како состојка за пилинг. Измијте го лицето со топла вода и со кружни движења масирајте го со малку сода бикарбона. На крај исплакнете. Ова е проверен рецепт за секој тип кожа.

Portion of white sugar

Шеќер

Шеќерот е одличен за нега на лицето и телото. Лесната растворливост на шеќерот го прави одличен за пилинг. Во неколку лажички шеќер додадете малку кокосово или маслиново масло, а може и малку лимонов сок. Измијте го лицето со топла вода, па нанесете од смесата и масирајте со кружни движења. Исплакнете. Кожата ќе ви биде мека и сјајна.

Coffee beans in the sack

Талог од кафе

Веќе е познато дека талогот од кафе е одличен во борбата против целулитот. Со малку маслиново масло или есенцијално масло од лаванда или лимон, имате смеса која ги уништува мртвите клетки од телото и ја негува кожата.

Basker of fresh strawberries and pot of honey

Мед и јагоди

Органскиот мед има безброј лековити ензими во својот состав, а семките од јагодите ја подмладуваат кожата. Измешајте малку мед со неколку ситно исечкани јагоди и нанесете ја смесата на лицето да стои 10-15 минути, па исплакнете.

5

Овесна каша

За овесната каша велат дека ја смирува чувствителната кожа. Само измешајте ја со малку топла вода и нанесете ја како пилинг на лицето и вратот. Исплакнете и исушете со крпа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп од 15.02 – 21.02.2016 година
Следна објаваTwelve Moons of Jazz во Public Room
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ