Twelve Moons of Jazz е серија од 12 настани посветени на најдобрите џез состави од Македонија. Во организација на Digital.Millennium.Artists™ скопската публиката секој месец ќе има прилика да проследи по еден квалитетен џез концерт. Разноликоста на бендовите во стилот на изразување и нивното творештво, сплотена во мелодијата на џезот, ветува шаренолик поглед во скришноста на уметноста низ нашиот град од сопственото незнаење.

СЛИКАЧеста да го отворат овој настан го имаат Fierce, најновото освежување на македонската џез сцена, состав кој носи нова енергија и несомнено ќе биде еден од најдобрите македонски џез состави во периодот што следи. Fierce го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Бендот го негува современиот (Contemporary jazz) џез призвук кој во моментот е интересен како за џез музичарите така и за слушателите. Fierce имаат настапувано на повеќе реномирани фестивали и настани во и надвор од државата со свој авторски материјал, од кој дел се наоѓа на нивниот албум објавен во ноември 2015та, а истиот ќе биде достапен на самиот настан.

Потпомогнато од: www.zlatendab.com.mk Влез: 150 денари (мезе карта)

Резервација: +389 2 609 2650 Digital.Millennium.Artists™ www.digitalmillenniumartists.org e: digitalmillenniumartists@gmail.com t: +389 72 218 077

Картите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

Купи Карти За Се: http://www.kupikartizase.com/

MK Tickets: http://www.mktickets.mk/

Карти: http://karti.com.mk/

Facebook Event: https://www.facebook.com/events/424346901108661/ http://dmamusic.mk/

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 природни состојки за пилинг
Следна објаваКога животните сакаат…
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ