Овие врнежливи мрзоволни денови се создадени за една убава драма.

Семејство од четири поколенија, моќна семејна династија и една силна жена која стои над сето тоа.

Лекција дека животот ништо не Ви должи, лекција дека колку ќе направите, толку ќе имате. Силна, цврста лекција за можностите на една жена, нејзините избори и борбата за матријахатот. Борбата да се има се и да се работи многу.

Во режија на David O. Russell, во главни улоги: Jennifer Lawrence, Dascha Polanco, Bradley Cooper, Robert De Niro и Isabella Rossellini.

Одвоите 126 минути од Вашето драгоцено време да го погледнете „Joy“, Ве уверуваме дека овој филм ќе ги прошири Вашите хоризонти, а можеби и ќе Ви отвори една нова преспектива за модерното живеење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФутуризам во срцето на Њујорк
Следна објаваНеделна програма во Јавна соба
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР