8

На само 50 километри северозападно од Љубљана и неколку километри јужно од Австрија, се наоѓа Блед – мал град со совршена местоположба- на падините на планинскиот венец Јулиски Алпи, на прекрасното Бледско езеро. Блед е главно туристичко место, како во летниот така и во зимскиот период. Во средина на езерото се наоѓа единствениот остров во Словенија во кој има црква и прекрасен дворец.

1

насл

Камбанаријата на оваа црква е мотив по кој се препознава ова место. Уште нешто што е задолжително за посета е идиличниот дворец стар повеќе од 1000 години, што го прави ова место како излезено од бајка. Постои една интересна легенда поврзана со Блед. Имено, вдовицата Поликсена, по смртта на својот маж, целото злато и сребро кое го имала го дала за да се направи ѕвоно во спомен на нејзината голема љубов. Бидејќи ѕвоното се правело во Италија, при неговото пренесување со брод, бродот потонал. Поликсена, уште потажна од претходно, заминала во Рим и се замонашила. По смртта на Поликсена, Папата испратил ново ѕвоно. Тоа ѕвоно денес се нарекува „Ѕвоно на желбите” и се верува дека на секој што ќе го допре ќе му се исполни една желба.

3

Не можете да отидете во Блед, а да не пробате традиционална словенечка kremšnita- тесто со крем и ванила.

Има уште многу причини за да го посетите ова место, но нема да ги набројуваме сите. И онака зборовите можат да доловат многу малку. Ќе оставиме да уживате во галеријата фотографии и да го испланирате следното ваше патување на Блед.

6

5

4

7

9

10

Lake Bled

Lake Bled in winter

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР