horoskop-mart-631x330
OВЕН

Љубов – Можно е да ви недостасува предизвик во приватниот живот. Атракациите кои вие ги посакувате, не се случуваат сега, па не создавајте вештачки ситуации поради тоа. Така влегувате во замката на илузијата. Прифатете го овој период како минлива работа и уживајте во малите работи.

Работа – Пред вас се денови кога ќе имате можност да покажете колку се љубезни и спремни за соработка со колегите. Ќе имате нов проект кој со радост ќе го прифатите. Другите дури сега ќе го разберат вашиот талент.

Здравје – Се е во ред.

Совет – Смирете ја вашата потреба за акција по секоја цена.

БИК

Љубов – Имате одлична идеја како да ја заведете личноста која ви е блиска, ќе се потрудите и тоа ќе го направите. Сигурно ќе успеете, но под еден услов,  да прифатите некој компромис и да не скокате на секоја провокација.

Работа – Ништо не е случајно, па ни тоа дека токму вас, ви се случуваат многу работи кои ве збунуваат. Сепак и не е се така лошо, бидејќи полека ги фаќате конците во свои раце.  Се ќе оди постепено. Затоа не брзајте, туку одете чекор по чекор и држете се до протоколот на работа.

Здравје – Повеќе време во природа и на прошетки.

Совет – Се ќе си дојде на свое место подоцна.

БЛИЗНАЦИ

Љубов – Позитивен дух, ведрина, шарм и уживање во малите работи – сетоа тоа ќе го обележи вашиот приватен живот овие денови. Затоа не се грижите околу мали и ситници, тие не се толку важни. Подобро уживајте во тоа што го имате и уживајте. Некои близнаци ќе мечтаат.

Работа – Премногу желби и премалку прилики за нивно моментално реализирање. Вашите амбиции не се мали, но ситуацијата ќе ве насочи кон соработка со други партнери на работа. Времето е добро за планирање на нови потези, но за реализацијата малку ќе почекате.

Здравје – Во одлична сте форма. Проверете ги очите.

Совет – Немојте да сте нетрпеливи.

РАК

Љубов – Ќе се чувствувате помалку осамено или ќе сонувате на јаве. Смирете се и повлечете се во тишина и медитација. Не очекувајте многу од тоа што моментално го имате. Така најдобро ќе го одржите солидниот status quo.

Работа – Сите луѓе околу вас, како и случувањата на работа , ќе ве неаведат на тоа, дека треба да поработите на својот професионален развој и стручно усовршување. Не сте некој перфекционист по природа, но ќе ги побарате сите информации, кои можат да ви бидат од помош.

Здравје – Самите знаете како да се смирите.

Совет – Вистината е цел.

ЛАВ

Љубов – Ако сте во подолга врска, ќе имате потреба за поголемо раздвижување. На вашата драга личност тоа не и е по мерак, затоа потрудетете се да одите некаде заедно или објаснете и ја својата потреба за друштво и дружење. Слободните лавови, лесно ќе доаѓаат до друштво од спротивниот пол.

Работа – Следните неколку денови на работа, вашето знаење се повеќе ќе се цени. Бидете свесни за вашата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е се повеќе луѓе да ве прашуваат за совет или ќе ви понудат некоја специјална работа.

Здравје – Вежбање и медитација.

Совет – Ако треба да се борете, изборете се и не плашете се.

ДЕВИЦА

Љубов – Сега веќе знаете кога треба да попуштите и лесно да го прифатите компромисот. Затоа и вашата врска ќе се развива на подобро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ке видите дека не треба секогаш да се тера по свое. Многу девици, дури сега ќе покажат што чувствуваат.

Работа – Тоа што помина, помина. Немојте тоа повеќе да го анализирате. Дозволете му на времето да работи за вас, а вие концентрирајте се на тоа штио допрва почнува. Пред вас е нешто сосема ново и сеуште недоволно дефинирано.  Бидете отворени за новата работа.

Здравје – Во добра состојба сте, само внимавајте на шеќерот.

Совет – Не ги поместувајте границите по секоја цена.

ВАГА

Љубов – Ви се чини дека работите на емотивно поле одат многу полека, отколку што вие сакате. Вашата страст, овие денови е рабудена и посакувате повеќе љубовни акции. Сепак, морате да се согласите и со оврските на партнерот. Ќе успеете со мало трпение.

Работа – Се повеќе ќе дојде до израз вашето знаење и стручност во работата. Многу ќе добијат шанса да ги покажат своите специфични таленти и нивната диплома ќе добие на тежина. Тие кои се уште учат, ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат со странци.

Здравје – Внимавајте на прејадувањето и повеќе пешачете.

Совет – Бидете упорни со вашите идеи.

ШКОРПИЈА

Љубов – Во текот на оваа недела, ќе запознаете интересна личност на некоја забава, на која со радост ќе одите. Личноста која ќе ја запознаете, ќе биде правата за вас, со која ќе имате квалитетен љубовен живот.

Работа – Работата се зголемува и се што работите  одлично ви оди. Многумина овие денови ќе работат со голем ангажман на работното место. И тие кои бараат работа, истотака, ќе бидат многу активни.

Здравје – не го занемарувајте редовниот сон.

Совет – Останете доследни на себе, работете и не влегувајте во ситуации кои не ве допираат.

СТРЕЛЕЦ

Љубов – Тие кои имаат фамилија овие денови потполно ќе и се посветат. Тие кои се во нови емотивни врски, ќе имаат мали кризи во кои треба да покажат повеќе толеранција за другата страна. Со малку такт, ќе успеете да ги надминете сите предизвици.

Работа – Целокупната ситуација на работното место оваа недела, може да ви биде напорна. Постојано ќе чувтсвувате како да го губите тлото под нозете или како се да зависи од вашите претпоставени, а ништо од вас. Тоа е само повремена ситуација. Бидете отворени и соработувајте.

Зравје – Внимавајте на притисокот.

Совет – Сетете се на своите успеси.

ЈАРЕЦ

Љубов – Ако излезете надвор помеѓу луѓето, ќе најдете еден куп прилики за пријатни познанства од површен карактер. Добро за забава. Затоа и намалете ги своите љубовни очекувања. Не е лошо иако сте имале и подобри денови. Тие кои се во врска, ќе им оди добро.

Работа – Се наоѓате во период кога некои работи ќе мора дефинитивно да ги приведете кон крај. Оваа недела карактеристична е по тоа. Ќе завршите со некои приказни и ќе свртите нов лист. Кај некои, тоа ќе биде порадикално. Не брзајате.

Здравје и совет – Внимавајте на оброците.

ВОДОЛИЈА

Љубов – Деновите пред  вас ќе ги запомните по силните желби за љубов и чувството на осаменост. Тие кои се во врска, ке поминуваат низ искушенијата на тема – доминација во врската. Слободите пак, понекогаш премногу брзаат со удварањето, затоа што нетрпеливо чекаат да успеат во своите намери. Полека.

Работа – Ќе добиете многу деловни понуди, но вие сами не можеете да влијаете на работите. Се чувствувате како посматрач на кој нешто му се нуди без вистински предизвик. Соработувајте и внимателно слушајте. Читајте помеѓу редови. Тоа што сега не оди, ќе оди подоцна.

Здравје и совет – Секој ден најдете нешто што ве весели.

РИБИ

Љубов – Вашиот друштвен и љубовен живот ќе стане малку поквалитетен, а на вас ќе ви биде драго. Бидејќи долго време патите, добрата поврзаност со партнерот навистина ќе ве освежи. Слично ќе се чувствува и партнерот, така да хармонијата нема да изостане.

Работа – Истражувачите ќе добијат ветер во грбот. Тоа ќе ги поттикне да работат подобро и повеќе. И уметниците ќе истражуваат нови начини на изразување. Сите останати на работа ќе покажат силна линија на креативност, а нивната интуиција ќе им биде најдобар лидер.

Здравје и совет – Се буди вашиот интерес за алтернативната медицина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБлед | Бајка во Словенија
Следна објаваКои модели на капути и бунди од вештачко крзно се IN и OUT оваа зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ