Најмалиот суперхерој на Марвел пристигнува на големото платно.

Ant_Man_IMG1_big

Вооружен со супер-одело со зачудувачка моќ на смалување но зголемување на силата, измамникот Скот Ланг (Пол Рад) мора да го прифати својот внатрешен херој и да му помогне на својот ментор, д-р Хенк Пим (Мајкл Даглас), да го испланираат и остварат грабежот што ќе го спаси светот. Марвеловиот Универзум ни го претставува херојот кој беше дел од основниот состав на „Одмазници“ но кој за прв пат се појавува на големото платно. Во кината премиерно ни пристигнува најмалиот суперхерој, „Ент-Мен“, креација на студијата Марвел и Дизни.

Ant_Man_IMG2_big

Стриповите на Марвел за прв пат го претставија како Хенк Пим/Ент-Мен во 1962та година во „Приказни за Воодушевување бр.27“, а една година подоцна Пим се појави и во дебито на Одмазниците – првиот стрип посветен на нив. Пим постанува Ент-Мен откако ќе ја открие хемиската субстанца која ќе му овозможи да ја менува својата големина и ќе му даде надчовечка сила. Со приспособувањето на технологијата, Ент-Мен добива и способност да контролира армии на мравки.

Ant_Man_IMG3_big

Претседателот на студиото Марвел и продуцент на „Ент-Мен“, Кевин Фаги објаснува на што се должи постојаниот успех на светските кино благајни, на универзумот кој постојано се развива. „За сите нас Марвел отсекогаш бил значаен за развивање на карактерите и секогаш сакаме да се осигураме дека филмот ќе ја задржи таа поврзаност на карактерите и ќе ги портретира најдобро што може.“ Тој вели: „Навистина сме среќни и благодарни дека публиката продолжува да ги совладува овие карактери, лесно се приспособува на нив и сака да се дружи со нив до самиот крај.“

Ant_Man_IMG4_big

Фаги продолжува, „Друга интересна работа е дека сакаме нашите филмови да се издвојуваат еден од друг. Го сакаме „Тор“ бидејќи е еден вид на научно-фантастичен филм, „Чуварите на галаксијата“ е акциона авантура но истовремено научна-фантастика и дека имаме техно-трилер елементи во „Железниот човек“ филмовите. „Капетан Америка: Зимски војник“ е политички трилер од 1970те, а „Ент-Мен“ е филм кој се занимава со тематиката на кражбите. Затоа не веруваме дека супер-херој филмовите се жанр сам по себе. Сакаме да креираме субжанрови и да ги припојуваме, а на сето тоа да му додадеме супер-херојски елементи.

Ant_Man_IMG5_big

Премиерното прикажување на „Ент-Мен’’ пред македонската публика беше на 16.07.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоглед од птичја преспектива
Следна објаваДали би сакале барем еден викенд да се чувствувате како Италијанки?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ