Скопје, „Радост“ ти ќе бидеш …

На улицата на јапонските цреши се отвори ново место во кое ќе можат да уживаат скопските „кафеџии“ и „сладоледџии“.

„Радост“ е новото урбано место во центарот на градот за вистинско утринско расонување со добро италијанско кафе и сладолед со над 30 нијанси на неодоливи додатоци.
Животот мириса на ванила и има вкус на чоколадо на „Максим Горки“ 21.

Направете му услуга на кафето и додадете сладолед за вистинско задоволство. За авантуристите имаме комплетно различни вкусови кои ќе ви го заскокоткаат јазикот и изострат вкусот. Уживајте во вашиот омилен мирис на кафе во пар со сладолед, ладно освежување кое ќе ви го разубави денот.

Од утро па до мрак може да уживате во најубавиот евергрин кога е сладоледот во прашање. Искусните ја знаат класичната комбинација која секогаш освојува. Патот до целта е обоен од 2 вкуса кои ги отвораат сите сетила. Чоколадо или ванила, па на „корзо“ со новата девојка.

О, кажи сега да, ил не, да знам, ќе дојдеш ли на рандеву во „Радост“ … IMG_3456IMG_3498DSC_0109DSC_0095DSC_0099DSC_0059DSC_0135DSC_0066DSC_0142DSC_0177IMG_3534DSC_0160IMG_3706IMG_3745icecreamenaDSC_0224DSC_019910290608_499943466836902_8698841470002644218_n11222471_498333733664542_4580133318081610745_nDSC_0010DSC_0057IMG_3529IMG_3516IMG_3649

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТропски рај во Берлин
Следна објаваСо книга на плажа
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР