Фарските острови се група од 18 острови кои се наоѓаат на северот на Атлантикот, помеѓу Шкотска, Норвешка и Исланд. Од 1948 година се под надлежност на Данска, освен во областа на одбраната и надворешнта политика. Изворното име на овие острови е “Foroyar”, што на дански значи “Овчји Острови”. Историјата вели дека за првпат на Фарските острови дошле ирските војници кон крајот на XII век. Првите жители на овие острови биле Викинзите. Многу од  нив почнале да  се движат према Исланд, а дел од нив решиле да останат тука и да започнат нов живот во новата колонија. Нивната историја започнува во IX век. Кон крајот на X век тамошните жители го попримаат христијанството. Во 1035 година, Фарските Острови ја губат својата самосталности стануваат дел од Кралството Норвешка. Норвешката контрола продолжува се до 1380 година, кога таа влегува во унија со Данска, која подоцна се претвора во дупла монархија. Во 1538 година тогашната црква претрпела реформи и со договор во Киелу , 1814 Данска ја напушта Норвешка. Со тоа Данска ја задржува власта над Фарските Острови. За време на втората светска војна во 1940 год, по инвазијата на Данска од страна на нацистите ,англиската војска застанала во одбрана на Данска како би ја спречила нивната окупација. Во 1942 година британските инжинери изградиле аеродром. После војната островите повторно се вратени на Данска, и во 1948 година конечно ја добиваат својата автономија. Мнозинството од населението  се од скандинавско и келтско потекло. Освен феројски и северно германски, на островите се зборуваат и дански и англиски јазик. Ви нудиме неколку прекрасни пејсажи од Фарските острови

Porkeri.2.20021

DSC_6729-L

Whale-Jaw-Faroe-Islands-by-Mike-Jerrard

Traditional-Boats-by-Mike-Jerrard

spermwhalediving_shutterstock_146428325

faroeislands2

Faroe-Islands-111 faroe_islands_lighthouse

НЕМА КОМЕНТАРИ