Овој прекрасен остров први го откриле Римјаните, за потоа во 1418 година повторно да го откријат и самите Португалци. Се наоѓа на северот на Атланскиот Океан на околу 670км западно од обалата на Мароко. Главен град а воедно и седиште на оваа автономна португалска покраина е градот Фуншал. Реликтните ловорови шуми се симбол на Мадеира кој во превод и самиот значи шума. Во 1999год, овие шуми се под заштита на УНЕСКО и се прогласени за културна наследство. Субтропската клима која владее во текот на целата година овозможува да има бујна вегетација на островот. Просечната зимска температура е 16`С, а летната 23`С.

1

Во овој период од годината традиционално секоја година се одржува познатиот Фестивал на цвеќето. Илјадници учесници ги покажуваат своите вештини во правење на прекрасни творби од преубавите цвеќиња кои  ги има на островот. Улиците се послани со прекрасните егзотични цветови.

Во деновите на фестивалот интересно и незаборавен момент е кога илјадници дечиња го прават “Ѕидот на надежта” и се тоа направено од прекрасните тропски цвеќиња!!

2 3 56

НЕМА КОМЕНТАРИ