slika2,,Како да се најде храброста секогаш да се биде доследен на себеси, дури и ако не сме сигурни кои сме ние?”

Тоа е централно прашање во романот, чија срцевина ја диктира Атена, жена на 22 век, заробена во 21-виот. Како и „Алхемичарот“, ова е вид на приказна која дефакто го трансформира начинот на кој читателите претходно размислувале и чувствувале за љубовта, страста, радоста и жртвувањето. Ова е приказна која ќе Ви го разниша духот и ќе Ве доведе до апсолутна недоумица кои сте и зошто сте тука.

„Вештицата од Портобело“  е уште една магична сторија од опусот на Коелјо: како и во повеќето негови дела, каде постои еден енигматичен централен лик – во овој случај, неверојатна жена која всушност, е мртва на почетокот на книгата, давајќи му предност на конпецирањето на нејзиниот живот преку серија приказни искажани во прво лице од извесни личности која ја познавале секој на свој начин. Повлекувајќи цигански корени, таа е посвоена од една либанска двојка и сама себеси се нарекува Атена. Покрај оваа несекојдневна судбина, таа е благословена и проколната во исто време да поседува духовна сила која ја исполнува со одеден немир и ја води кон најголемото патување за спознавање и пронаоѓање на својот ментор, Еда…

Што е учител? Јас ќе ти кажам: тоа не е некој што може нешто да те научи, туку некој кој го испирира ученикот да даде се од себе во насока да го открие она што веќе го знае.”

Комплексноста на приказната се возвишува преку наративната техника што Кoелјо вешто ја презентира низ трите поглавја на романот – како и секогаш, повеќе се задржува на духовноста и интерспекцијата на ликовите, отколку да се посвети на нивната физичка страна. Уникатна нарација која дел по дел го вовлекува читателот во приказната само по себе преку раскажани приказни, снимени интервјуа и напишани писма од страна на нараторот, кој не се открива до крајот на романот.

Тој одлучува да ја раскаже приказната за Атена, Вештицата од Портобело преку искуствата на другите, преку нивните сопствени зборови, емоции, гнев, поддршка и почит или во крајна инстанца, одвратност и развратност. Она што го евидентираме од овие доказни материјални е дека Атена не само што е константна енигма, туку дека речиси сите ликови се во различен вид на судир со нејзиниот карактер – на начинот на кој оваа своевидна биографија се презентира, секој од читателите се чувствува привилегиран да фрли поглед на светот преку ограничена леќа од сопствени искуства и културни предрасуди.

Луѓето ја создаваат својата реалност за подоцна да станат нејзини жртви. Атена се побуни против тоа и ја плати највисоката цена.”

Фактот дека Атена е првенствено, само млада жена која се наоѓа во перманентен обид да ги исполни празнините во нејзиниот живот: додека учи да ја сака тишината, сфаќа дека паузите ја прават музиката така моќна. Додека учи да се навикне на звучноста, тишината и укажува дека во секој од нас тлее извор на енергија. Станувајќи духовен лидер, од една страна ја перцепираат како светец, од друга ја омаловажуваат како грешница; додека е респектирана, таа е и понижена. И ангел и демон во едно тело: серијата докази даваат можност да се истражи Атена каква во суштина била.

НЕМА КОМЕНТАРИ