„Секој голем магичен трик се состои од три чина, односно три дела. Првиот дел се нарекува „Залог“. Магионичарот Ви покажува нешто обично: шпил карти, птица или човек. Тој Ви го покажува објектот. Можеби тој ќе Ве праша нешто, за да докаже дека е навистина реален, непроменет, нормален. Но, се разбира.. најверојатно не е. Вториот чин се нарекува „Пресврт“ – магионичарот го зема обичното нешто и прави од него нешто необично. Сега гледачот е во потрага по тајната; но, нема да ја најде, затоа што не ја бара навистина. Тој навистина не сака да знае. Гледачот сака да биде измамен. Но, сеуште нема да аплаудира. Затоа што ако нештото исчезне, тоа не е доволно: нештото мора да биде вратено. Тоа е причината затоа што секоја магија има трет чин, најтежок дел, делот што ние го нарекуваме „Престиж““.
Вртоглаво магичен показател кој исполнува со визуелни реквизити за Викторијанската сензација во литературната научна фантастика – сеанси, клетви, мистерија, лудило; кој според Washington Post е многу повеќе од International Fantasy Reward за британецот Прист, поради немивновното соживување со воодушевувачкиот ефект на искри од електрична енергија, ни помалку ни повеќе, туку од самиот автентичен создател на општото добро, Никола Тесла. Вид на роман кој се имплицира кај читателот како приказна-огледало, поради парчиња кои самиот мора да ги склопи во текот на истата.
Стартирајќи уште во 1878 година, двајца млади магионичари се судираат во темната фаза во текот на измамата Séance – од тој момент па натаму, нивните животи стануваат мрежа на измама и откровение, како едниот се бори против другиот и обратно, кон изигрување и изложување во рамки на публиката. Контиуирано кон 1901 година, ривалството на Руперт Ангиер и Алфред Борден како плод на долгогодишното пријателство и професионална соработка ескалира до точка на откривање дека нивниот занает може да ги одведе до мера која ќе ги осветли тајните срцевини на нивните клучни илузии. И обајцата поседуваат победнички трикови по кои едниот на другиот и обратно копнеат – но таинствената природа на истите дава предизвик-предиспозиција која е тешко да се стекне. Во почетокот на експерименталните години на електричната енергија, во еден случај се среќаваме со мистериозна, но очигледна случка на двоен идентитет, т.е. дуплирање на личноста во иста просторија; а во друга случка, сведоци сме на евидентна потпора на жестокоста на новооктриената енергија. Неоспорливата страст да се победи другиот ги доведува до состојба и двајцата да се срамат од силата на сопствените чувства, преку завист и инает успева да ги истроши психички и да се ефектира директно на нивните семејства.
Морничава и вознемирувачка атмосфера, пролиена крв, но недоволно ефективно. На крајот, наследениот ривалитет ќе се пренесе на следната генерација… до потомци кои ќе бидат принудени поради сопствената разумност да ја одгатнат сложувалката и да не доведат до конечно расветлување на мистериозната естетика на потерата кон престижот.
Оваа комплексна приказна за која е исклучително важно да се напомене наративниот зафат како главна доблет, кои во моменти застрануваат од хронолошкиот редослед, додека вешто и иманентно го изложува читателот на серија одлучувачки шокови до последната страница.