Пролетта е идеално време за нова фризура, нов парфем, па зошто да не и нов кармин? За вас одбравме неколку нијанси кои ќе бидат во тренд оваа сезона и со кои ќе си ги разубавите деновите.

1

Беж нијанса

Нежните беж боја секогаш е хит! Одберете нијанса која не е пресветла, но и не содржи многу портокалова боја во неа за да го добиете најдобриот изглед.

2

Класична црвена мат нијанса

Пролетен тренд кој со години владее низ светот, а на жените им дава класична, префинета елеганција во изгледот. Полн погодок!

3

Свежи розеви нијанси

Оваа сезона посебно ќе се носат нијанси на малина. Одберете некоја од палетата на розови кармини за блескави и сочни усни.

4

Богати бронзени нијанси

Со првите сончеви зраци ни се враќаат и бронзените и кафеави тонови- богати и одважни нијанси со кои ќе блескате во сончевите денови.

5

Неутрални нијанси

Секогаш атрактивните неутрални (nude) нијанси за природен и свеж изглед кои никогаш не излегуваат од мода.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Часовник – марама
Следна објаваСветол и лежерен стан
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ