Концептот на автомобилите од видео играта Gran Turismo, стана вистинска страст за љубителите на автомобилизмот, посебно кога изгледаат како новата Alpine “Vision GT”.Спортскиот роднина на Рено, Alpine го представи футуристичкиот V8 тркачки “Vision GT” концепт, а неговиот несекојдневен дизајн на моменти ги открива познатите линии на LMP2″ тркачкиот  моделот.

Прво на што ни застанува погледот е новата позиција на возачот, пред се наменета за кружни патеки како француската Ле ман, но и на аеродинамичниот заден дел. Секако, тука се бандашите, кои представуваат уметничко дело сами за себе. Меѓутоа, најинтерсно изгледа дисплеј инструментот зад воланот, како и страничните воздушни кочници на извлекување на кои исти така се наоѓаат стоп светлата.

Под  хаубата на ова инженерско чудо се навоѓа 4.5-литарски V8 мотор со 450КС кој по пат на секвенцијален седмостепен менувач ги ангажира задните тркала.Максималната брзина е 320км на час додека пак тежината на овој тркач изнесува само 900 кг.

Овој виртуелен убавец постои и во вистинска големина, а моментално е изложен во Париз, пред да го завземе подиумот на Ретромобиле, изложба каде Alpine го слави 60 тиот роденден

566192_280115alpine1_origh 566193_chr3002_origh 566194_chr3003_origh 566195_chr3004_origh 566196_chr3006_origh 566197_chr3007_origh 566198_chr3008_origh 566199_chr3009_origh 566200_chr3010_origh

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБаленцијага 2015
Следна објаваНаправи сам | Шампон од мед
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ