Ако и вие трошите многу пари за квалитетен шампон, а не гледате резултати, обидете сами да си направите природен шампон, и тоа од мед. Ваквиот шампон се покажа како ефикасен кај оние кои имаат проблеми со чувствителна кожа на главата и сува коса. Освен што ќе ја спречи појавата на првут, ќе ви ја направи косата свиленкаста и сјајна.

1

Потребни состојки:

Една лажица мед

Tри лажици филтрирана вода

Неколку капки етерично масло по сопствен вкус

Медот и водата ставете ги во сад и полека загрејте за медот да се растопи, најдобро во микробранова. Потоа додајте ги капките етерично масло, добро измешајте и шампонот е спремен за употреба.

3

Зошто е добар медот за косата и кожата на главата:

  • Медот е природно антибактериско средство, така што со користење на овој шампон ќе го решите проблемот со бактериски воспаленија на кожата на главата.
  • Помага да се задржи природното масло на косата, па така поретко ќе има потреба да ја миете.
  • Ја хидрира косата и го омекнува влакното.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваИднина или фантазија: Концепт Alpine "Vision GT"
Следна објаваКралот на хибридите | Quant e-Sportlimousine
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ