Постојат врати кои никогаш не смеат да се отворат.

1

Филм за тоа што сè може да направи љубомората и сомнежот и на што сè сме подготвени кога некого силно сакаме.

Скоро и да не постои човек што не сака да гледа филмови, особено оние со несекојдневна тема, одлична глума, оригинално сценарио и неочекуван крај. Еден од тие квалитетно изработени филмови е шпанскиот хит од 2012та- La Cara Oculta (Скриен лик). Филм од неанглиско говорно подрачје кој и тоа како се разликува од стандардните холивудски приказни.

Приказната се одвива околу животот на еден диригент кој дознава дека неговата девојка мистериозно исчезнала, откако се посомневала дека нејзиниот сакан ја изневерува. Диригентот (Adrián), е очаен да ја пронајде. За време на неговата потрага, тој се запознава со една келнерка која на прв поглед изгледа дека сака да му помогне.

2

Жанр: Драма/ Трилер/ Мистерија

Режисер: Andrès Baiz

Главни улоги: Quim Gutièrrez, Martina García, Clara Lago

Музика: Federico Jusid

Одлична приказна која топло ја препорачуваме на сите љубители на добра драма и мистерија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто се крие зад овој автомат на Кока Кола?
Следна објаваМодни трендови 2015
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР