„Flask and the Press“ е потполно неочекуван угостителски двоец, кој го надградува традиционалниот концепт за точилница. Во сосема обичниот сендвич бар, позади стариот автомат на познатиот пијалок Кока Кола, сместен е интимен модерен салон кој потсетува на американските скриени барови за време на прохибицијата. Сендвич барот и салонот заедно делуваат како спротивставување на светлината и темнината, елеганцијата и дивоста, приватноста и игривоста. Alberto Caiola e името на италијанскиот дизајнер кој ја добил задачата да направи ваква скриена точилница во самиот центар на Шангај. Концептот е поделен на два дела – „The Press“ e сендвич барот во кој преовладуваат светли тонови, неонско осветлување и полиран минималистички мебел, како контраст на грубите бетонски ѕидови и асиметричниот плафон. Средишниот дел на просторот го завзема автоматот на Кока Кола, кој пак го открива мистериозниот премин во другиот дел од барот, опкружен со придушено ЛЕД осветлување и огромни 25 литарски боци во кои некогаш се чувало виски. Тој дел од барот, за кој имате впечаток дека е нереален и дека сте се вратиле во минатото, сега го нарекуваат „Flask“. Сендвич барот/салонот со сигурност е најтаинственото место каде можете да испиете добра чашка виски.
Што се крие зад овој автомат на Кока Кола?
Сендвич бар кој најубавиот дел го скрива позади автоматот на популарниот пијалок.