0001

Кога производот ќе стане скулптура, комбинирајќи ги фантазијата и реалноста на природата која не опкружува, тогаш индустрискиот модел добива нов вкус, па конечно сме во состојба да ги разбереме природата и општеството кои непрестано влијаат на себе.’’ Овој цитат на графичкиот дизајнер Haris Jusovic бил камен темелник за неговиот концепт на столици кој го нарекол „High Heels Seats“. Парчињата мебел кои можете да ги погледнете во продолжение се авторски илустрации на уметникот, кои привремено немаат никаква комерцијална позадина, но поседуваат јасна идеја која налага индустријата да биде под силно влијание на органската средина и цивилизацијата. Целта му била да направи визуелна изјава која ќе ги разбие границите на имагинацијата, како и да ја смени креативната перспектива во насока на духовитост и шарм. Покрај тоа што осмилил столици во облик на дамски чевли со високи потпетици, во галеријата ќе пронајдете и разни предмети од секојдневието со кои дизајнерот се послужил како инспирација при креирањето. Една од нив е и фотелјата во форма на ретро телефон, која во секој стан би била полн погодок со мала дизајнерска интервенција. Интересна идеја, зар не?

0002

0003

0004

0005

0006

0007

0008

0009

0010

0011

0012

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБел ентериер со впечатливи детали
Следна објаваШто се крие зад овој автомат на Кока Кола?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ