Постојат неколку навики заеднички за сите девојки со беспрекорен изглед на кожата. Бидејќи сите ние им се восхитуваме на нивниот совршен изглед, преку мало истражување добиени се одговорите на нашето прашање: „Како им успева да постигнат толку природен и совршен изглед на кожата?”

Во продолжение прочитајте што тие открија и почнете и вие да ги применувате овие златни ритуали во секојдневната нега.

1

Суво четкање

Миранда Кер откри дека пред туширање, телото го четка неколку минути „на суво”. Ваквото четкање ја зголемува циркулацијата во крвта и истовремено делува како лимфна дренажа.

2

Производи за вашиот тип на кожа

Откријте кој козметички бренд најмногу ѝ одговара на вашиот тип на кожа и користете ги производите од нивните колекции. Близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен изјавија дека долги години се верни на Biologique.

3

Ексфолијација

Испробајте го рецептот на актерката Леа Мишел: пилинг за тело од кафеав шеќер, морска сол и маслиново масло или, имајте си свој рецепт кој се покажал како делотворен и од кој сте задоволни и правете пилинг на телото и лицето еднаш неделно.

4

Коректор

Коректорот е една од поважните производи кои е пожелно да се користат. Научете како правилно да нанесете коректор на лицето според вашиот облик и веднаш ќе ја видите разликата.

5

Важноста на СП факторот

Преубавата Аманда Сејфрид изјави дека долги години го користи кремот со СП фактор на Neutrogena. СП факторот е многу важен бидејќи ја штити кожата од надворешните влијанија и ја намалува појавата на брчки.

6

Мраз за убаво лице

Трик на многу славни дами, меѓу кои Џенифер Анистон и Габриел Јунион. Наутро, измијте го лицето со вода со мраз. Мразот ги израмнува порите и ја омекнува кожата. Плус, делува и како инстант-будилник и веднаш сте спремни за денот.

7

Чистење и миење

Правило кое важи за сите- без исклучоци! Без разлика колку сте уморни или ви се спие навечер, лицето секогаш треба да биде исчистено од шминка и измиено. Спиење со шминка е една од најштетните работи за кожата.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДедо Мраз во модерна облека
Следна објаваРустични божиќни украси
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ