Празниците се ближат, а со нив доаѓа и еден од најпознатите ликови за зимската сезона – Дедо Мраз. Иако сме навикнати да го гледаме облечен во неговиот легендарен црвен костим, дизајнерите од лондонското студио Joint отидоа чекор понапред, па на култниот дедо му подготвија комплетно ,,нов имиџ’’ во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Според нивната замисла, Дедо Мраз ги следи модните трендови и се облекува во парчиња од познатите модни куќи како што се Kenzo, Saint Laurent и Alexander Wang. Принтовите се достапни како божиќни честитки на веб страницата designerxsanta.com, а како би изгледал нашиот празничен херој во современа модна верзија, можете да погледнете и од галеријата во продолжение. На илустрациите е прикажан дизајнерски стилизираниот Дедо Мраз во издание во какво го немате видено досега.