Постигнете максимален ефект со минимум производи и време.

1

Без оглед на тоа што машката кожа е погруба и поотпорна од женската, тоа не значи дека треба да ја запоставите.  Нема да ви треба многу време и безброј козметички производи за нега, само придржувајте се кон следниве неколку совети и ќе ја воочите разликата.

Нега на лице

Иако брадата е многу популарна во последно време, сепак има мажи кои секојдневно се бричат. Најважно е да се одбере квалитетен и поскап брич, со 3, 4 или 5 сечила. Избегнувајте ги оние за еднократна употреба бидејќе може лесно да ја иритираат кожата. Штом почувствувате дека ви треба повеќе напор кога повлекувате со бричот, време е да се смени. Хидратантен гел за бричење (не пена) е одлична заштита за кожата. Бричете се додека се туширате или непосредно потоа, бидејќи тогаш влакната се омекнати од топлата вода и пареата.

За смирување на кожата, геловите за после бричење не треба да содржат алкохол. На крај, пожелно е да нанесете хидратантен крем прилагоден на вашиот тип на кожа. Важно е овој крем да содржи заштитен фактор, и тоа минимум SPF 15. Бидејќи мажите почесто заболуваат од рак на кожа отколку жените, заштитата од сонце е многу поважна од дезодорансот.

B

Нега на тело

За нега на тело се клучни 3 производи: гел за туширање, дезодоранс и крем за нега на сувите делови на телото. Сапуните знаат многу да ја исушат кожата, па затоа користете гелови или лосиони кои се наменети за туширање. Бидејќи машката кожа е подебела, тоа значи дека е поподложна на сушење. Затоа, потребен ви е интензивен и хранлив крем кој секој ден ќе го нанесувате на лактите, колената и дланките, и тоа навечер пред спиење.

3

Нега на коса

Иако тестостеронот е заслужен за тоа што имате цврста и отпорна кожа, токму тој е и причина за опаѓање на косата. Сè уште не постои лек за ваквата појава, но ако имате проблеми со опаѓање на коса, единствено што можете да направите е да го одложите тој процес. Не употребувајте преагресивни шампони или производи за стилизирање. Мијте ја косата со благ шампон и меки движења и ќе ја имате подолго.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСкопскиот џез фестивал со презентација во Њујорк
Следна објаваМоден тренд | Шешир
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР