За великанот на кој во името му стои дека е див, непокорлив и свој; има многу да се каже. Да се прочита, да се согледа – иако темпераментот во неговите книги е категорија која отвора многу дискусии, сепак е јасно дека импактот кој Оскар Вајлд го остави врз книжевниот свет е од безвременски граници. Девет цитати како девет животни мудрости: со невидена леснотија и едноставност, господинот Вајлд порачува неколку работи…

.1.

За љубовта…
„Чувајте ја љубовта во Вашето срце. Животот без неа е како градина без сонце, во која цвеќињата се одамна мртви.“

За простувањето…
„Секогаш простувајте им на Вашите непријатели. Ништо не ги иритира повеќе.“

За образованието…
„Образованието е нешто на кое треба да се восхитувате; но, од време на време запаметете дека ништо што вреди да го знаете, не се учи на училиште.“

За среќата…
„Со слобода, книги, цвеќиња и месечината, кој не може да биде среќен?“

За советите…
„Единствената добра работа којашто може да ја направите со добар совет е да го споделите – зошто никогаш не може да имате корист самите.“

За човечките односи…
„Никогаш не го сакајте оној што Ве третира како да се обични.“

За емоциите…
Јас не сакам да бидам препуштен на милоста на моите емоции. Сакам да ги користам, да уживам во нив и да доминирам со истите.“

За искушението…
„Единствениот начин да се ослободите од искушението, е да се доведете до тоа.“

За карактерот…
Бидете свои. Сите други се веќе зафатени.“

За животот…
„Живејте! Живејте го прекрасниот живот што го имате! Не губете ниту една шанса, секогаш бидете во потрага на нови сензации. Не плашете се од ништо!“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд | Жолта чанта
Следна објаваЖителите на Париз | Gail Albert Halaban
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР