Постојат стотици добри машки парфеми, но ретки се оние легендарните, со класичен мирис, кои секој маж треба да ги има барем во некој период од животот. Ваквите парфеми не излегуваат од мода и секогаш се вистински избор. Тие ги задоволуваат сите барања на мажите кога станува збор за парфеми. Без разлика дали купувате парфем за првпат или сакате да ја збогатите колекцијата, еве кои мириси се оние кои со сигурност ќе ве освојат и ќе ве издвојат од толпата.
Christian Dior Eau Sauvage
Се состои од мириси на јасмин и цитрус. Поим за чиста, беспрекорна елеганција уште од 1966, кога е создаден.
Hermes Terre d’Hermes
Според многумина, еден од најдобрите парфеми во последниве години. Свеж и топол мирис со ноти на грејпфрут и гераниум.
Creed Green Irish Tweed
Софистициран, баш како мажите кои го користат. Меѓу нив и Clint Eastwood, Russell Crowe и George Clooney. Одговара и за спортска и за елегантна варијанта.
Aramis Classic
Безвременски, мажествен, долготраен и омилен кај жените. Совршен спој од мириси на цветови, зачини и пачули.
Guerlain Vetiver
Откако е создаден, во 1961, сè до денес, овој уникатен мирис е меѓу најбараните. Совршен за секое годишно време.
Acqua di Parma Colonia
Вистински италијански стил и софистицираност спакувани во шишенце. Главни мирисни ноти се Сицилиски цитрус, сандалово дрво и пачули.
Old Spice
Иако многумина го класифицираат како старомоден, Old Spice е сè уште меѓу најпопуларните машки парфеми. Класичен, со ноти на каранфил, овој парфем е поим за мажественост.
Boss Bottled
Нежниот мирис на ванила и јаболко го прави овој парфем да биде постојано во центарот на вниманието. Вистински претставник на брендот Boss- луксуз, стил и современа класика.
Penhaligon’s Blenheim Bouquet
Го создале во 1902 година за Војводата од Marlborough, и оттогаш го носеле највлијателните луѓе во светот. Експертот за парфеми Nick Gilbert го објаснува како „еквивалент на совршено скроен костум кој никогаш не излегува од мода.”
Giorgio Armani Aqua di Gio Pour Homme
Еден од оние парфеми кои нема да згрешите ако ги купите за подарок, бидејќи им се допаѓа на сите. Парфем кој подеднакво одговара и за преку ден и за навечер.