Ако верувате во ѕвездите, испробајте некои од следниве бои на лакови. Тие ќе ви помогнат да го изразите својот шарм и да го истакнете личниот стил. Дознајте повеќе за поврзаноста на лаковите за нокти и хороскопскиот знак.

Овен

Полна со енергија, жената- овен сака силни нијанси, а идеалната боја за да се истакне желбата за успех е виолетова. Пробајте и црвени нијанси- тие се одлични за самодовербата и страста.

Бик

Ако сте родени во овој знак, веројатно знаете добро да се организирате и сакате уредност. Внатрешната сила и љубезноста се две важни карактеристики поради кои зелената е вистинска боја за вас. Друга варијанта се светли и нежни тонови на розова.

10

Близнаци

Кога станува збор за Близнаците, нив бргу им здосадува бојата на лак. Вистинската боја е или портокалова, или впечатлива жолта. Не се плашете да носите силни бои- одговараат на силни личности како вас.

Рак

Вистинска нијанса за вас е сребрената, бидејќи ви овозможува дискретно да заблескате. Покажете ја романтичната страна со нијанси на сребрена, но и на сина.

Лав

Креативна и понекогаш заповеднички настроена, жената- Лав најдобро доаѓа до израз ако носи бронзена или златна боја на лак.

2

Девица

Девиците често имаат проблем со проценување на луѓето, па затоа размислете два пати пред некому да му верувате. Зголемете ја самодовербата со интензивна црвена боја на лак, а подеднакво идеална е морнарско-сина или кафеава.

Вага

Романтични и опуштени, жените-Ваги сакаат суптилност и спонтаност. Главен избор на бои за вас се нијансите на беж. Не се ограничувајте- подеднакво добро ви стојат и нијанси на сина.

Скорпија

Енергичните Скорпии имаат два избори на лак за нокти: интензивна розова која ќе ја покаже нивната женственост, и кафеава, за поелегантен изглед. И двете бои одлично одговараат на вашата личност.

3

Стрелец

Позитивни и искрени, на жените родени во овој знак најдобро им прилегаат светли нијанси на виолетова. За посебни и важни моменти, нема да згрешите и со црна боја која покажува дека сте силна личност.

Јарец

Неутрални бои (песок боја) и сива се вистински нијанси за Јарците. Ако сакате да ја покажете романтичната страна, одберете нежни сини нијанси.

Водолија

Светлите нијанси се секогаш добар избор за Водолиите. Без проблем можете да носите и неонски бои, но ако тоа ви е премногу, одберете тиркизна.

4

Риби

Главни особини на рибите се емотивност и сочувствителност, па нежни нијанси на розова и виолетова боја на лак се идеални за овој знак. И сивата е боја која ви одговара според хороскопот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧетврти ден FWSK – афирмирани домашни имиња и дизајнери од странство
Следна објаваЕсенски декорации за домот
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ