На претпоследниот ден на десеттото издание на Моден викенд Скопје беа презентирани осум уникатни колекции на домашни и дизајнерски имиња од странство, вчеравечер во салонот „Ауди-Порше Македонија“.

Српската дизајнерка Марина Миќановиќ која на Моден викенд гостува по принцип на размена со дизајнери од српската модна недела од Нови Сад, ја отвори вечерта со колекцијата „Ритамот на асиметријата“. Акцентот на оваа колекција се здолништа со миди должина, кратки сакоа, асиметрични мантили со рамни кроеви и фустани, кои се погодни за носење во сите пригоди.

Во однос на интернационалната соработка која ја интензивираше со модните недели и институции поврзани со модата од регионот, Моден викенд Скопје од оваа сезона „енергија “ добива и од „ЕВН Македонија“.

Вечерта продолжи со презентација на најновата колекција на „Le brand“ за пролет/лето 2015 година, за која дизајнерката Лили Кадинска ја пронајде инспирацијата во црното и белото, во контрастот, портокаловото како неопходна топлина и во потребата на општеството за контролирање на човечката природа. Креаторката Стефанија Насеска продолжува „да си игра“ со буквите и овој пат ја донесе „Кирилица“ за актуелната сезона- „посветена на зачувување на нашата азбука и нејзина афирмација“.

Никола Петровски традиционално со колекција за сезона однапред, па така и вчеравечер ја презентираше колекцијата за пролет/лето 2015 година.

Оливера Штакоска која своето деби го имаше на априлското издание на Моден викенд годинава, вчера ја прикажа „Woolen story“, составена од 20 модели, претежно палта и долги фустани, изработени од волна, памук и кадифе. На претпоследната вечер дебитираше младата Инес Шабан со колекција за актуелната сезона која ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност“.

Во соработка со „Prishtina fashion night“ и по гостувањето на Мила Кадриу кај нив во април годинава, на десеттото издание на Моден викенд, се претстави Флутура Дедиња со колекцијата наречена „Хороскоп“ составена од дванаесет модели кои симболично претставуваат по еден од хороскопските знаци. Вечерта во салонот „Ауди-Порше Македонија“ ја затвори „THE COLONIAL SPICES COLLECTION“ на Лидија Георгиева. „Судир на Европската и источната култура, зачинет со егзотичната моќ на шафран, куркума, кари, ѓумбир, во амбиент на декаденција на 20ти години од минатиот век, се провлекува сугестија на Бомбај и Шангај и дискретна нота на рокенрол, својствен на стилот на брендот“, вели за својата колекција Георгиева. Во рамките на проектот „Зона 45“ за размена на дизајнери со „Belgrad Fashion Week“ кој е во тек, Георгиева ја претстави својата колекција пред тамошната публика на 23 октомври. Вечерва се затвора ревискиот дел на јубилејниот Моден викенд Скопје со ревијата на познатата српска дизајнерка Ивана Пиља во „Телеком иновацискиот центар“. Росица Мршиќ на 31 октомври ќе ја прикаже најновата колекција, но начинот на презентирање го остава како изненадување до самиот крај.

Погледнете дел од сето она што се случуваше на четвртиот ден од FWSK:

  marina

marina1

Dedinja2

Flutura Dedinja

1660535_663190730444978_5542082241963917905_n

lebrand1

lebrand2

Lidija Georgieva 2

Lidija Georgieva

Ines Saban 3

Ines Saban

nikola1

nikola2

10659361_663243180439733_3787040569626656181_n

nikola3

olivera 1

olivera2

olivera3

kirilica1

kirilica

kirilica3

Фото: Ани и Дими

DivianArts e медиумски покровител на FWSK.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМал стан за млад пар
Следна објаваЛак за нокти според хороскопскиот знак
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР