1

Дизајнирањето на привремен животен простор за млади парови може да биде предизвик, особено ако станува збор за дом со мала површина. И двајцата се можеби на почеток со своите кариери, штедат пари за купување на поголем стан или куќа, или, пак, само се обидуваат да пронајдат своја потпора во светот. Згора на се’, отпочнувањето на нов живот, по првпат заедно, може да се покаже како стресно искуство. По тој повод, неколку талентирани дизајнери одлучиле да се изборат со ваквите предизвици, понудувајќи едноставен, но креативен концепт за мини дом погоден за младите двојки. Ви го претставуваме прекрасниот предлог за дизајн на ентериер кој за таа намена го претстави тимот на студиото Int2architecture – доволно комфорен, пријатен и модерен за опуштање и уживање на патот кон деловниот успех. Станува збор за еднособен стан кој е оспособен со се’ што е неопходно да биде удобно и функционално привремено живеалиште за млад пар. Дизајнот се фокусира на поделба на скромната површина на повеќе помали, отворени и корисни зони, без преградни ѕидови кои би го затвориле и смалиле просторот. Така, во само 40 метри квадратни вешто се сместени спална соба со домашна канцеларија, дневен престој, трпезарија, кујна, ходник со орман во кој може да се чекори, бања, па дури и мала пералница. Затворениот балкон, пак, служи како сончева оаза за заеднички појадок на вљубените, а можноста да се затвори му дава карактеристики и на интимно катче за изолација во моментите кога на еден од нив ќе му биде потребно мир и тишина. Секој агол има своја рационална намена, а архитектите максимално се потрудиле да го нагласат сиот потенцијал на ентериерот. Инспирирајте се!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРоулинг најавува, овој Halloween…
Следна објаваЧетврти ден FWSK – афирмирани домашни имиња и дизајнери од странство
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ