Со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните и да се создаде нешто карактеристично за Мароко, Kseniya Simonova, позната и како дамата на песокот, по барање на Фондацијата на Нејзиното кралско височество принцезата Lalla Hasna создава краток „песочен“ филм „Прекрасно Мароко“. За успешно да ја заврши својата задача, Kseniya имала четири месеци да ја запознае културата на Мароко.

„Кога го прифатив овој предизвик имав само едно барање, да ја задржам мојата уметничка слобода што беше прифатено со почит. За четири месеци ја проучив историјата и културата на Мароко, неговата уметност и луѓе. Проучувајќи ја таа убавина се заљубив во истата која е сместена на границата на Африка и Европа, за потоа да ја претставам преку моите песочни приказни.“

СПОДЕЛИ
Претходна објава165 години од смртта на Едгар Алан По
Следна објаваПремиера на „ЖДРЕЛО“ во Драмски Театар
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР