Премиерата е вечер во 20:00 часот во Драмскиот Театар

Текстот „ЖДРЕЛО“ се занимава со проблемот на глобалната потрошувачка на капитализмот. Главниот лик има необичен проблем –  тој е постојано гладен и со ништо не може да ја задоволи својата глад. Голта  сe околу себе и во таа конзументска агонија, го изедува дури и своето име.

Главниот лик, кој е безимен поради својата лакомост, се наоѓа во вртлогот  на конзумирачкиот и потрошувачкиот дух. На своето патешествите од  сиромашен отпуштен продавач на автобуски карти за внатрешен промет до  богат наследник на огромно богатство, минува низ сопствениот пекол – кој  е пат на сопственото спознавање. На тој пат, во потрага по својата ситост,  се случуваат различни нешта за чие значење главниот протагонист не е  ниту одблизу свесен. Текстот „ЖДРЕЛО“ е трагикомедија за АЛЧНОСТА на  МАТЕРИЈАЛИСТИЧКО-ЛАКОМИОТ СВЕТ кој е присутен глобално.

Јазикот е гротескен, ликовите – подложни на брзи пресврти… Темите безброј… Овој текст сублимира во себе практично се’ што е дел од современието речиси во секоја урбана точка од Земјината топка…

Здрав живот, педофилија, инцест, заштита или злоставување на животни, човекојадство, расипништво, ламтеж за богатсво и пари, здрава храна, секс, експерименти, абортус, стереотипи, хомеопатија, реклами, брендови, економија, загуби, перверзно задоволување на страстите, зоофилија, понуда, потрошувачко општество… Текстот зборува и за тоа колку човештвото секојдневно, со сервирање на „животниот стил“, го доведува под прашање омиленото мото – ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ…
Па сепак, кризата на духот е еден од најсуштинските аспекти за кои  говори „Ждрело“. Дереџето на човекот во кое и самиот себеси секојдневно се  јаде, зашто „лакомоста најчесто е компензација за нешто што недостасува“.

Автор: Жанина Мирчевска
Режија: Зоја Бузалковска
Сценографија: Љупчо Јованов
Костимографија: Лира Грабул
Музика: Огнен Анастасовски
Улоги: Рубенс Муратовски, Лилјана Велјанова, Диме Илиев, Трајанка Илиева, Соња Стамболџиоска, Филип Трајковиќ,
КГ: Димитрија Доксевски, Александар Степанулески, Ивана Павлаковиќ
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева

 

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на Драмски Театар.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПесочни приказни за Мароко
Следна објаваПапата Јована – Дона Вулфок Крос
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР