1

Еден од најпопуларните young adult романи во последно време, што од скоро доживеа своја реализација на големото платно – „The Fault in Our Stars“ на авторот Џон Грин, од неодамна е забранета во Риверсајд. Во библиотеката на The Riverside Unified School District, во секцијата на слободна литература во средно образование. Книгата била ставена на разгледување пред комитетот на ова училиште и за неа било гласано да се отстранат единствените три копии со потпис на Грин од полиците на Frank Augustus Miller Middle School и на другите средни училишта во областа, дури е забрането прифаќањето на книгата како донација.

Грин одговори на оваа вест преку неговата Tumblr страница, кога фановите прашаа што мисли тој за овој неочекуван пресврт: „Претпоставувам дека сум и среќен и тажен. Среќен сум што младите во Риверсајд, Калифорнија никогаш нема да сведочат на ова смртно искуство бидејќи нема да ја прочитаат мојата книга; што е одлично за нив.“, одговара тој. Забраната на книги е причина на интелектуален кукавичлук, безразлика кој го прави тоа. Некои од најголемите книги во литературата, уметноста и науката се забранети затоа што луѓето со ограничена интелигенција или мислење во поглед на нивниот морален интегритет не можат да го сфатат, продолжува Грин. „Но, јас сум тажен паралелно на тоа, затоа што навистина се надевав дека сите ќе бидат во можност да ја увидат реалноста дека човечките суштества умираат и дека младите во Риверсајд, Калифорнија ќе се навикнам на идејата дека соништата за бесмртност, не постојат.“. Грин е веројатно најпопуларниот автор на YA во САД денес, објавува сајтот Book Riot.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗаводлива колекција на шминка од Gucci
Следна објаваНајголемиот моден настан досега и “rooftop” забава со Кирил Џајковски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР