01

Доколку сте личност на која ранобудноста не и е јака страна, а обожувате опуштено да го започнете денот со шолја кафе во дланките, тогаш креативниот изум Barisieur е се’ што ви е потребно. Станува збор за инвентивна футуристичка направа која има двонаменска функција – будилник и кафемат. Додека звуците на алармот го најавуваат почетокот на новото утро, истовремено се придружени со неодолив мирис на тазе сварено кафе. Зад оваа сјајна идеја стои Josh Renouf, дипломиран дизајнер на продукти, кој несекојдневниот кафе – будилник го претставил како завршен проект на крајот од студиите. При подготвувањето на кафето, Barisieur суптилно го буди корисникот со движење на кугличките од нерѓосувачки челик, паралелно зовривајќи ја водата по пат на индуктивно загревање. Затскриено од светлината, поставено е млекото кое е студено и свежо во секое време, а тука се и засебните мини фиоки за кафе и шеќер. Шолјата кафе може да биде приготвена пред или после алармот, во временски интервал од 5 до 30 минути. Фантастична утринска инспирација!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

04

05

06

07

8 (2)

09

010

011

012

013

014

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

016

017

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

020

OLYMPUS DIGITAL CAMERA 022

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар
Следна објаваЕсенска инспирација од H&M
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ