2Контраиндикативен љубовен триаголник, еден крак на ново-пронајдена физичка страст, додека другиот е олицетворение на еден безгрешен, психички порок кон уметноста. Впечатлива и автентична прошетка низ ателјето на сликарот, семеен човек кој живее со сопругата и децата. но под власт на неговата мајка. Процесот на настанување на боите, нивната текстура, густина, арома. Органско потекло и органски емоции во облик на инспирација по повод доаѓањето на новата гувернанта во неговиот дом. Младата девојка е се што старата господарка одбива да го прифати како карактеристики кај дама: храбра, но достоинствена, мудра, а тивка. Но особено привлечна за креативноста на сликарот.

Обетките кои служат првенствено како украс на платното кое сеуште се изработува кријат голема тајна… Шевалие несомнено е мајстор при создавање феминистичко поентирани стории – искористување на оскудните податоци за вистинската слика ,,Девојката со бисерна обетка” создадена околу средиштето на 17 век од страна на генијалниот холандски сликар Јоханес Вермер, нејзиното креирање на една хроношки поставена новела полна со емотивен набој и страст. Воодушевувачка приказна за артистичкото настанување на холандската Мона Лиза, за контрадикторниот сликар и преубавата шеснаесетгодишна девојка која секако, ќе заврши високо поразлично од Вашите очекувања.

Понудете си себеси несекојдневно уметничко уживање содржано во широка колоритна палета, зачинето со страстна посветеност и неочекувани емотивни моменти!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќа во море
Следна објаваБоенки за возрасни
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ