Варшава – главен град на Полска. Неверојатна метропола полна со контрасти и изненадувања за секој посетител. Град со карактеристики на феникс, полн со сила да се соочи со разните драматични моменти низ историјата и дури неколку пати по целосно разурнување од разни освојувачи да успее да се издигне повторно.

58
Варшава нема да Ве остави рамнодушни, таа е извор на воодушевување предизвикано од нејзината уникатност и спојот меѓу историјата и денешницата, комбинација на модерната и историската архитектура во која живее духот на сите кои живееле таму.

57
Палати, цркви и разни архитектонски градби испреплетени насекаде низ градот во комбинација со многу зелени површини. Со огромна површина на градежно земјиште кое чека да никнат градби на него и да го дефинираат целосниот лик и амбиент на градот.

47

46

Тоа е град со највисоката часовник – кула која има часовник на секоја страна. Секој часовник е со дијаметар од 6 метри. Кулата се наоѓа на еден од најновите, но истовремено и најистакнатите симболи на социјалистичката архитектура – Дворецот на културата и науката изграден во 1956 година.

Парадоксално, она што во Варшава се нарекува Стариот град е стар само 50-тина години, бидејќи истиот бил разурнат за време на Втората Светска војна. Од 1980 година, Стариот град се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско наследство.

44

43

42

Монументалниот и возвишен социјалистички реализам стои рамо до рамо со модерните облакодери, совршено вклопени едни до други. Ќе наидете на модерната зграда дизајнирана од страна на познатите архитекти Foster, а веднаш до неа се наоѓа Гробот на непознатиот војник.

Има многу што да посетите во Варшава, но не заборавајте да се искачите на покривот на најголемата универзитетска библиотека каде што се наоѓа една од најубавите градини сместени на покрив. Посетете ја и Łazienki палатата каде што ќе можете да слушнете разна музика од хип-хоп до музиката на Фредерик Шопен.

Варшава најубаво можете да ја откриете пеш или на велосипед, да поминете низ историските локалитети, да пешачите низ патеката Шопен, да посетите различни концерти и фестивали.
56

54

53

52

51

50

49

48
Без разлика каква личност сте и по што трагате, Варшава е место каде што секој може да пронајде свој автентичен и забавен начин да ужива во градот.

Сирената на Варшава

55

Според легендата, сирената пливала до близина на Стариот град каде што решила да се одмори. Таа била толку воодушевена од местото што решила засекогаш да остане таму. Локалните рибари забележеле дека нешто ги предизвикувало брановите, ги заплеткувало нивните мрежи и ги ослободувало фатените риби. Иако нивната првична намера била да го фатат и казнат сторителот, тие се заљубиле во сирената веднаш штом ја слушнале нејзината песна. Подоцна, некој богат трговец ја заробил сирената и ја држел затворена во една дрвена колиба. Нејзиниот плач бил слушнат од страна на еден млад рибар кој со своите пријатели ја ослободил. После тоа, сирената станала најголем заштитник на рибарите и градот. Вооружена со меч и штит таа постојано го штитела градот и неговите жители.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМладешки стан со свежи идеи
Следна објаваМодерни кујни за мажи
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ