Hesther van Doornum e талентирана сликарка од Холандија која создава моќни слики. Освен бои таа користи и песок при создавањето на нејзините уметнички дела. Ситен песок во комбинација на десет слоеви на боја ја дава саканата текстура и своевидна моќност на истата. Во текот на својата работа Hesther од фигуративен стил се има насочено кон апстрактен пристап.

На моите платна се наоѓаат моќни и сензуални жени кои не се плашат да ја покажат својата ранливост… Верувам дека уметноста е ќерка на фантазијата, се раѓа од неа. Треба да има знаење и љубопитност, но сепак без инспирација, без нешто што доаѓа од свеста на уметникот уметничкото дело станува медиокритет. Јас сонувам, слушам, мислам, чувствувам, гледам, па дури потоа почнувам да сликам.“

Како што можете да забележите жените се клучен елемент во нејзините слики. Преку експресивната употреба на боја, композиција и јасно видливи потези таа во своите дела прави симбиоза на разумот, сензуалноста и симболиката.

56

55

54

53

52

51

50

46

45

49

48

47

44

43

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова корица на „Чарли и Фабриката за чоколади“
Следна објаваЛетна авантура на Малдиви
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ