Ви текнува на класичната чоколадна приказна на Роалд Дал, „Чарли и фабриката за чоколади“? Приказната која прослави половина век, чудна и фанстастична според содржина, шеќерно обложено навраќање во детството со носталгичен ефект, никако не може да се поистоветува со термините „вознемирувачки“ или „одвратно“. Нова корица за оваа култна детска книга беше објавена минатата недела – првата реакција која читателите ја дадоа беше контроверзна. Ќе се запрашате зошто. Затоа што истата се однесува на фотографија од млада девојка… т.е поточно кажано девојче,  кое наликува на кукла, нашминкана и облечена во розово, со коленици на возрасна, полу-скриена жена. Корицата е оценета како „несоодветно сексуална“, „морничава“, „погрешна“ од страна на издавачкиот свет, а воедно и јавноста. Издавачката куќа Penguin беше принудена да даде изјава, односно јавна одбрана поради редизајнот на Дал.

.1.

Оваа фотографија не е оригинално создадена за потребите на новата корица, всушност станува збор за “Mommie Dearest,”артикал објавен во француско списание во 2008 година. Истото означува радикална замена на класичниот стил на Дал, кој обично се карактеризира со слатки и детски цртежи кои се дело на неговиот соработник Квентин Блејк. Патем, фотографијата е нападната како несоодветна и премногу слична на „Лолита“, проследена со возрасен воајеризам врз децата во апсолутно извитоперена форма. Реакциите варираат од апсолутно негативни до благо несоодветни, додека Penguin не отстапува од своето – тимот кој што стои позади ова изјавува дека ова не е детско издание, дека ќе се продава под назнака „едиција за возрасни“, како дел од Penguin Modern Classics серијата. Покрај „Чарли и Фабриката за чоколади“, редизајн доживува и „Алиса во Земјата на чудата“, така што според истиот тим, тоа значи дека редизајните служат за истакнување на светлите и темните аспекти на животот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото – приказна | Заедно во добро и зло
Следна објаваИзвонредни слики | Hesther van Doornum
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ