Кога и да се зборува за „совршена“ двојка на големото платно, првата перцепција се Бред и Анџелина. Сосема забораваме на Адам Сендлер и Дру Баримор кои дефинитивно знаат да ја воодушеват публиката од сите возрасти. Само потсетете се на култниот „50 први состаноци“ и ќе ја почувствувате хемијата помеѓу Адам и Дру.

2

Сепак, оваа година романтиката е заменета со комедија. И тоа навистина добра комедија. Во ,,Семеен Хаос” (Blended“), Адам е во улога на Џим, а Дру во улога на Лорен. Нивниот прв состанок завршува како еден од најлошите во нивните животи и нивна цел е само да го заборават.

3

За нивна жал, по сплет на одредени околности, завршуваат со своите деца заедно во Африка, а кога Африка станува во збор, можете да очекувате прекрасни сцени, преслатки животни и преголеми авантури.

4

Без двоумење, ,,Семеен Хаос” e филм кој ќе го обележи Вашето лето. Тие добри 117 минути можете добро да ги искористите во градското кино „Кино Милениум“, секој ден во 22:30 часот. Трејлерот можете да го погледнете подолу. ;)

Divian Arts е медиумски покровител на „Кино Милениум“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМапа на книжевни локации
Следна објаваЛетен хит | Харем панталони
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ