Широки и долги панталони кои се заоструваат кон глуждот, со ниска половина – тоа е дефиницијата на харем-панталоните, летната верзија на панталони која е широко прифатена од жените ширум светот. Ова парче облека влече корени од Арапскиот полуостров, што всушност е комбинација на долга сукња и широки панталони кои се лабави и еластични во половината и глуждовите. Половината е по правило ниска, затоа што истите се користеле за belly dancing.

Модерната верзија на овие панталони се појавува во 80тите години на минатиот век, каде што доживуваат неколку промени првично според материјалот од кои се изработени, а подоцна и речиси целосно менување на моделот за да одговори на потребите на секојдневните обврски што една жена ги има на работното место, при излегување или дома. Потесен крој со висока половина, од лелеава ткаенина е апсолутен моден хит. Така што, како и секое лето, и овој период е дозволено да експериментирате со комбинациите каде што главен акцент ќе бидат Вашите харем-панталони.

0

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Семеен Хаос” | Kомедија на летото
Следна објаваСтан за модерен маж
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ