Сонце, тесни улички… време за шарени чадори. Истанбул, Солун, па дури ни Струмица не одолеа на овој вид на инсталација која истовремено ги штити минувачите од сонцето и го разубавува градот. Фотографиите кои следуваат се од Португалија, Агуеда – место каде секоја година во јули се одржува уметничкиот фестивал Agitagueda. За време на фестивалот илјадници луѓе уживаат во уметнички изложби, концерти и во убавината на оваа улица.