Топлите летни денови бараат од Вас студено освежување на навидум здодевното попладне и секогаш омразениот, понеделник. Денешниот Направи сам проект отстапува од стандардните предлози во оваа категорија, затоа што Ви нуди креативно рецепт-решение за кое не Ви се потребни претерани кулинарски вештини. Она што треба да го знаете е следно…

Потребно Ви е:
– кесичка сладолед во прав од јагода, боровинка и ванила
– сецкани јагоди и боровинки
– Baileys ликер (по желба)
– млеко
– мелен кекс
– дрвени стапчиња
– хартиени чашички

2

При подготвување на сладоледите, во истите додавате и парчиња овошје, додека во ванилата го додавате кексот. Во истите, по желба додавате Baileys ликер. Подготвениот сладолед со три вкусови го ставате паралелно во сите чашички, со тоа што внимавате да се разликуваат слоевите еден од друг – на врвот, поросувате од мелениот кекс и додавате по едно дрвено стапче. Ги сместувате во замрзнувач и ги каните пријателите на едно слатко дружење… зарем има поедноставен начин?

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧудесна езерска куќа
Следна објава10 совети за животот од Буковски
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ