Патувањата и книгите се неверојатно слични. Па тие се единствените нешта кои можат да се купат со пари, а да не’ направат навистина среќни.

Од друга страна, патувањата за разлика од книгите, се многу поскапи и не може секој да си ги дозволи. Сепак, за овој проблем добро се погрижи Rick Steve и објасни во својата книга „Europe Through the Back Door“ како сепак е возможно да се посети Европа со сечив буџет.

Пред да ги спакувате куферите, подготвите пасошот и купите карти, купете ја книгата на Amazon и добро разлистајте ја. Има навистина добри совети. ;)

Еве неколку од нив.

1. Престојувајте во ефтини хостели.

1

Иако најубавите патувања се спонтаните, не би било лошо правилно да си го распределите времето и да си го резервирате престојот навреме.

Хостелите како такви си имаат големи предности – ЕФТИНИ СЕ. Со цел подобро да ја запознаете Европа, мора да внимавате со буџетот. На booking.com можат да се најдат хостели со цена од 12 евра на вечер во Париз.

2. Користете јавен превоз.

2

Заборавете на таксито. Единствено во екстремен случај да сте се загубиле. Јавниот превоз е речиси секаде едноставен за користење па дури и во земјите каде не се зборува Англиски. Авторот на книгата посочува дека француското метро е поедноставно за разбирање отколку она во Лондон.

3. Јадете „на нога“.

3

Доколку хостелот каде престојувате не нуди оброк, најдобро решение е ефтината брза храна. Безразлика дали се тоа бургери, вегетеријански сендвичи, кроасани… во Европа сте, зарем е важно? ;)

Во случај да располагате со повеќе време, најдобро е да ги посетите маркетите каде за навистина поефтини цени можете да ги купите непознатите видови сирење и да го пробате локалното пиво.

4. Бидете подготвени да кажете „НЕ“!

4

Времето е се! Бидете внимателни со него. Ќе мора да им кажете НЕ на некои музеи и туристички атракции. Сепак повеќе ќе ја впиете културата доколку се загубите во метрото, или во некоја улица отколку во некој темен музеј со неразбирлива уметност.

5. Секогаш барајте го најдобриот поглед.

5

Како прво е бесплатен. Толкав пат поминавте и зошто не си дозволите неколку мига да се воодушевувате на неверојатната глетка? „Зарем јас навистина сум во Шкотска?“. А додека сте понесени од таа емоција, направете по некоја фотографија, иако она што го гледате останува во Вашите сеќавања засекогаш! :)

 6

7

8

9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЅвезден океан во домот
Следна објаваМоден тренд | Портокалови акценти
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ