Во светот на убавината постојат милион трикови и совети за поубав изглед. Ние ви предлагаме да ги примените само оние најважните, споделени од најпознатите шминкери, фризери и стилисти.

1. За да ја заштитите бојата на косата во летниот период, правете регенеративен третман еднаш неделно или двапати месечно.

2. За маникирот да ви стои подолго, ставајте безбоен лак на ноктите 3 пати неделно.

3. За локните да ви траат подолго, косата нека биде целосно сува пред да почнете да ја виткате.

1

4. Ставете сјај за усни на средина на усните, најгоре и најдолу. Така визуелно ќе ја зголемите устата.

5. Секогаш користете пудра со СП фактор, дури и во зима.

6. Направете рамнотежа. Ако ги истакнувате очите, ставете мат кармин, и обратно.

7. Не трошете премногу пари на козметички производи. Секогаш има ефтини и делотворни домашни рецепти за убавина, само треба да ги пронајдете.

2

8. Маскарите и ајлајнерите траат три до четири месеци.

9. Користете крема за околу очи за да избегнете уморен изглед и подочници.

И најважното,

10. Секогаш, секогаш, секогаш отстранете ја шминката пред спиење. (:

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAdidas originals | лето ’14
Следна објаваЛежерен стан со цветен балкон
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ