„Се надевам дека девојките, особено девојките, ќе ја воочат важноста на тоа да се има чувство за праведност и за она што вреди да се борат. Тие ќе увидат дека може да бидат воини истовремено додека се меки, женствени и чувствителни длабоко во себе, со сета комплексност што им следува бидејќи се жени.“

Овој цитат е извадок од интервјуто на Анџелина Џоли за Daily Mail, каде што меѓу другото, таа ги споделува сопствените впечатоци за „Maleficient“ – Анџелина се надева дека овој филм ќе успее да ја долови длабоката порака која зборува за децата коишто имаат преживеано страдање во нивните животи затоа што Maleficient претрпува малтретирање во минатото и постои причина поради која таа е бесна како возрасна жена. Но и покрај се’, постои убавина во нејзиното површно зло: таа не е само мрачна личност. Таа ги поседува сите горенаведени аспекти. И тоа ја прави хероина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЉубовен хаштаг за сплотување на срцата
Следна објаваРајски остров на Земјата
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ