Само 30 милји северно од Тахити, Француска Полинезија, сокриен е вистински рај на Земјата. Тетиароа е воодушевувачки атол кој го сочинуваат 12 мали островчиња, а светска слава стекна како приватниот остров на легендарниот глумец Марлон Брандо. Од неодамна, во раскошната убавина и егзотиката на ова чудесно место имаат ретка можност да уживаат и светските патници. ,,The Brando’’ e називиот на сместувачкиот комплекс кој нуди безброј можности за летна авантура од соништата, отворајќи им ги вратите на сите оние кои сакаат да минат ,,ден во рајот’’. Ресортот располага со 35 делукс вили, каде луксузот и еколошкиот дизајн се во совршена хармонија. Секоја вила е внимателно уредена и опремена со удобен мебел и елегантни детали, а врвната аll-inclusive услуга гарантира комотитет на престојот во текот на целиот одмор. Неодоливата понуда ја збогатуваат и прекрасните базени и приватниот пристап до песочната плажа, за максимално препуштање на задоволствата во интимниот амбиент и мирот кој го нуди ова идилично катче. Празник за сите сетила – уживајте во магичните глетки!

01

02

03

04

05

06

07

08

09

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

023

024

025

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПосветено на девојките | Maleficent
Следна објаваУмилкување – Петре М. Андреевски
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ