Ме остави… па што?

Светот секојдневно го напуштаат значајни личности, па тој не престанува да постои туку продолжува славејќи го нивниот лик и дело.
Многу семејства ги губат своите најблиски па тие не се растураат, туку повеќе се зближуваат, сплотени во својата тага.
Многу мајки ги оставаат своите деца, па тие пак чекорат низ животот.
Многу вљубени се разделуваат, па пак продолжуваат.

Не те прашувам зошто ме остави, се се’ случува со причина. А причините за тоа се важни само за тебе.

Јас не сум јас поради тебе, јас сум јас поради самата себе.
Животот е прекраток за да се грижам и предолг за да те чекам!

Ме остави… па среќно!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа амбицијата | Дејвид Фостер Валас
Следна објаваЛетен фестивал на книгата во ТРИ
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ