Дерматолозите често ја истакнуваат важноста на козметиката направена исклучиво на база на природни состојки. Овие овошни маски се многу популарни, достапни и што е најважно делотворни.
Грејпфрут против брчки
Во еден сад изматете белки и додајте една лажичка кисела павлака и сок од грејпфрут и добро измешајте. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја 15 минути. На крај, измијте го лицето и ставете соодветен крем против брчки.
Праска за природна боја на лицето
Изблендирајте праска и домат и додадете две лажици мед. Маската нежно нанесете ја на лицето, оставете ја 20 минути и отстранете ја со млада вода. Пред оваа маска можете да направите и пилинг- изгмечете ја праската, додадете една лажица кафеав шеќер и измешајте. Со смесата направете пилинг на лицето неколку минути, па исплакнете со вода. На крај, нанесете од вашиот соодветен крем.
Киви за природен сјај
Во чинија изгмечете едно киви и додадете две лажици јогурт, една лажица мед и малку маслиново масло. Нанесете од смесата на лицето, вратот и деколтето. Оставете 20 минути, па исплакнете со млака вода и нанесете крем.