После многу години „детективска“ работа на многу експерти и научници од областа на уметноста конечно беше откриена слика сокриена зад ремек – делото на Пабло Пикасо, „Сината соба“ насликана во 1901 година. Оваа слика е дел од The Phillips Collection од 1927 година, а уште од 1954 година постојат сомнежи за постоење на нешто скриено кога Данкан Филипс забележал разлика во текстурата на бојата.

Користејќи унапредено инфрацрвено светло експертите на The Phillips Collection од Вашингтон открија портрет на маж со брада, во сако и со вртоврска, со лицето потпрен на неговата десна рака. Се поставува прашањето: која била првичната идеја на Пикасо и кој е човекот од сликата?
Многу куратори и конзерватори прават обид да го одговорат ова прашање.

„Сината соба“ е дел од почетоците на Пабло Пикасо, од раната фаза на неговото сликарство наречена Син период. Според Патриша Фаверо, познат конзерватор, во овој период Пикасо создавал вооглавно меланхолија преку монохроматски слики во нијанси на сино. Сликата пронајдена под „Сината соба“ за која се смета дека е насликана истата година, е со поинаков стил што сведочи за развојот на Пикасо во текот на таа година. Се претпоставува дека првичната слика е направена во Монмартр каде Пикасо имал студио. Една од теориите е дека Пикасо ја нацртал оваа слика, но купувачот не бил задоволен, па за да заштеди пари сликал нова слика над веќе постоечката.

23

25

24

26

Погледнете и  Мистерија зад дело на Леонардо да Винчи.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатување со гигантските „монструми“
Следна објаваТри овошни маски за лице
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ