Постои едно непишано правило за среќа кое одѕвонува во уво секогаш кога разумот Ве тера да размислите 2 пати пред да донесете некоја одлука или да преземете некој чекор – Вашата прва помисла е секогаш наједноставниот начин, детинестата реакција која повеќе од често е најправилна, најискрена и најлесна; но, нажалост детето во Вас останува замолчено и занемарено чисто поради страв од потсмев или губење на Вашиот углед во очите на другите.

Кога сме веќе кај другите… зарем не мислите дека истото се случува и со нив? Дека и тие размислуваат 2 пати и исто како и Вие, забавата ја оставаат на stand by додека не се почувствуваат охрабрени да го разбудат детето во нив и да се забавуваат како никогаш досега? ДА Ви предлага неколку интересни, но секојдневни начини да разубавите нечиј ден, а воедно да си дозволите дневна доза радост. Среќата е само еден гест подалеку…

  • Купете неколку балони и на нив напишете „смејте се додека сеуште имате заби“ и пуштете ги низ прозорец.
  • Правете се странец во некое кафуле и бидете фини да им прозборите на македонски зборови како „благодарам“ или „пријатно“.
  • Не срамете се да ја препорачате „Игрите на гладните“ на Вашите колеги. Иако е класификувана како young adult литература, не значи не смее да Ви се допаѓа.
  • Понекогаш, испејте некоја весела песна додека домофонот Ви е уклучен. Весела песна од типот на „Hakuna Matata“.
  • Поканете го/ја момчето/девојката што Ви се допаѓа на состанок, кој по вечерата продолжува во луна парк. Ако постои можност, бакнежот нека се случи на тркалото, додека сте најгоре.
  • Најдете начин да ја измамите диетата со едно пакетче гумени бомбони. И едно чоколатце со полнеж од јагода. И кутија мачмелоу.
  • Ѕвонете им на најдобрите пријатели да излезете надвор да играте со топка. Дури и ако имате над 25-30 години.
  • Истото важи и за девојките: договорете преспивање со турско кафе, коктели, сладолед и многу, многу романтични комедии на репертоар. Не заборавајте да гледате на кафе!
  • Објавете некоја слика на Вашиот instagram профил додека изведувате некоја интересна поза или имитирате некој лик од цртаните филмови.
  • Направете колачиња и подарете ги некому за роденден, дипломска, годишнина – наместо чоколадо или бомбониера. Секако, истите да бидат во форма на „ :) “.
  • После факултет или работа, направете шатор во трпезаријата и пречекајте ги Вашите цимери со кафе под масата.
  • Не се откажувајте од навиката да си купите Happy meal или сликички за Вашиот албум од Panini.
  • Секоја година организирајте или учествувајте на нечија тематска роденденска забава. Измислете најуникатна, најубава маска.
  • Излезете на пица со друштвото и штом Ве послужат, посакајте им „Добар апетит, нинџа желки!“
  •  Поканете го Вашето семејство на ручек во Вашиот двор и подарете им пиштолчиња на вода. Забавата е загарантирана.

*фотографија:
Maria Fernandez – „Hot air Balloon“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите трикови со фудбалска топка
Следна објаваФото на денот | Местење натпревари
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ