За денешната летна фризура одбравме уште една слатка и едноставна идеја, а тоа е т.н. Хајди-плетенка или холандска плетенка. Плетенките се вратија во мода пред неколку сезони и  сè уште се во тренд. Наменета е за оние со подолга коса, а може да се носи преку ден, на плажа или пак, на вечерни излегувања. Следете ги инструкциите подолу.

1

2

1. Одвојте едно праменче од косата зад увото или некаде во тој дел, зависи од должината.

2-3. Поделете го праменчето во два дела и почнете да го вртите до крај (слично како да правите плетенка со 2 наместо со 3 прамени).

4. Извртениот прамен префрлете го околу главата, да дојде на другата страна. Зацврстете со шнола.

5. Повторете и на другата страна.

6. Откако ќе ги зацврстите со шнола двата извртени прамени на двете страни, проверете дали се гледаат крајчињата и и нив зацврстите ги со шнола.

3

4

Едноставно, а ефектно ;) Можете да ја оставите косата пуштена, а можете и да ја соберете. Изгледа супер секако.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМОБ I Балетската претстава „Самсон и Далила“
Следна објаваКнижевни тетоважи | The fault in our stars
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ